Јункер нов претседател на Европската Комисија

 

Идниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека е горд и почестен што шефовите на државите и владите на земјите-членки на Европската унија, денеска на Самитот на Европскиот совет го кандидираа за наследник на Жозе Мануел Барозо.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со 26 гласа „за“ и само два „против“, лидерите на 28-те ЕУ-земји денеска му го предложија Јункер на Европскиот парламент, кој на 16-ти јули ќе го потврди неговото именување на чело на неформалната Влада на Унијата.

- Се чувствувам горд и почестен што денеска добив поддршка од страна на Европскиот совет,  објави Јункер на неговата страница на социјалната мрежа Твитер.

Тоа што е интересно е дека во исто време, на име Жан-Клод Јункер, на социјалните мрежи се појавија огромен број на лажни профили. Притоа, еден од нив со објава „Јес, денеска сум радосен исто како и дента кога Луксембург ремизираше со Лихтенштајн во фудбал” успеа дури да залаже и високи официјални лица на Европската унија, па еврокомесарот за внатрешен пазар, Мишел Барние, дури и го ре-твитуваше со честитка на лажниот Јункер.

А, в.д. претседателот на Европскиот парламент, Џани Питела, посочи дека предлогот на Советот за Јункер да биде иден претседател на Еврокомисијата е пресвртна точка во европската демократија и дека со овој потег „шефовите на ЕУ-земјите ја испоитувале дмеократската волја на гласачите за европските избори”

27.06.2014 - 22:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега