Почнува Меѓународната конференција по земјотресно инженерство

Денеска во Скопје ќе почне Меѓународната конференција по земјотресно инженерство. Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот на Република Македо­ни­ја Ѓорѓе Иванов.

На конференцијата која Македонската асо­цијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) ја организира по повод 50 години од скопскиот земјотрес, ќе се обрати претседателот Иванов.

Воведни обраќања ќе има­ат  и гра­до­на­чал­ни­кот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на МАЕЕ Михаил Гаревски.