Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Низа семејни насилства низ Македонија: Жени следени од поранешниот партнер, две претепани од сопругот

    Низа семејни насилства низ Македонија: Жени следени од поранешниот партнер, две претепани од сопругот

    08.06.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регистрирани се повеќе случаи на семејно насилство, меѓу кои физички напади и пријави за демнење во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје. Во рамки на случаите, против едно лице е поднесена кривична пријава, а две лица се лишени од слобода.

    Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОВР Виница поднела кривична пријава против Н.П. (37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој се сомничи дека на 22 мај во семејниот дом во виничко село физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, констатирани во Здравствениот дом во Виница.

    Во Тетово, по пријава од поранешни партнерки, две лица биле лишени од слобода. Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.С. (58), по пријава од неговата поранешна невенчана сопруга, која навела дека била следена, вознемирувана и дека ѝ биле упатувани закани со цел обновување на заедничкиот живот. Лицето е задржано во полициска станица, по што ќе следува соодветна пријава.

    Исто така, во Јегуновце бил лишен од слобода С.К. (30) од Скопје, по пријава од 30-годишна тетовчанка, која навела дека во текот на денот неколку пати ја следел и барал повторно да бидат заедно.

    Случаи на физичко насилство меѓу сопружници се регистрирани и во Гевгелија и Скопје. Во Гевгелија, 23-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот сопруг Т.М., по што тој бил повикан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

    Во Скопје, 61-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата вонбрачна партнерка во дом на подрачјето на општина Аеродром. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.