Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Низа пропусти во Албанскиот театар – Попис, набавки и евиденции под лупа на ДЗР

    Низа пропусти во Албанскиот театар – Попис, набавки и евиденции под лупа на ДЗР

    09.06.2026 во 11:142 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва.

    Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу нив се слабости во процесот на попис на средствата и изворите на средства, невоспоставена материјална евиденција за материјалните средства, како и евидентирање градежни објекти без обезбеден акт за сопственост.

    Ревизорите констатирале дека дел од материјалните средства и понатаму се водат како средства во подготовка, иако за нив е обезбедено одобрение за употреба. Дополнително, утврдени се недостатоци во постапките за набавка, прием и задолжување со материјали и ситен инвентар, како и слабости во евиденцијата за полно работно време.

    Во извештајот е наведено и дека се намирувале обврски по проекти од претходни години, без за тоа да бидат предвидени средства во тековниот годишен план за работа.

    Во делот „Нагласување прашања“, ревизијата укажува на нерегулиран начин на користење на недвижни и движни ствари, функционирање на Управниот одбор без законски утврдениот број членови, прашања поврзани со систематизацијата на работните места, користењето на паркинг-просторот наменет за публиката, како и тековни судски постапки.

    Утврдено е и дека постојат слабости во системот на внатрешни контроли, меѓу кои недонесени интерни процедури за значајни процеси, несистематизирано работно место за раководител на финансиската служба и неназначени лица за ex-ante и ex-post финансиска контрола.

    Државниот завод за ревизија издал препораки за надминување на утврдените состојби и подобрување на работењето на установата.

    Од Националната установа Албански театар, како што наведува ДЗР, е доставен допис во кој е наведено дека одговорното лице нема забелешки на нацрт-извештајот на државниот ревизор.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.