Close Menu
    Најново

    Трајков на Балканскиот економски форум во Белград: Македонија посветена на европска интеграција и регионална соработка

    31.10.2025 во 10:08

    Град Скопје: Арсовска денес го соочува вториот насилник

    31.10.2025 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски ја бетонизира Влае преку фирма блиска до него

    31.10.2025 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трајков на Балканскиот економски форум во Белград: Македонија посветена на европска интеграција и регионална соработка
    • Град Скопје: Арсовска денес го соочува вториот насилник
    • ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски ја бетонизира Влае преку фирма блиска до него
    • Орбан: Секој што ја поддржува Украина – ја поддржува војната
    • По 5-часовен колапс, Прилеп доби струја
    • Пренџов: Нашата политика е политика на заедништво, а не на поделби
    • Христовски: Јас реализирав 90% од ветеното – се посветив на сите горливи прашања во Крушево
    • Притвор во Тетово за закани на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

    „Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

    18.09.2025 во 19:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

     Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство врз жените се виновни. И полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите. Виновен е и образовниот систем, кој место да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија и да осудува родово базирано насилство, со својот пристап директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници. 

    Ова го изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, од каде вечерва почна протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) од Велес беше убиена од нејзиниот поранешен партнер  И.С (39) од Скопје, кого неколку пати го пријавувала за насилство. Организатор на протестот е Хелсиншкиот комитет за човекови права,

    Според Димитрова, покрај страшната некоординарност и затајувањето на институциите надлежни за справување со насилството врз жените, кон фемицидите предизвикуваат и молкот, стигмата, срамот и немањето чувство за колективна одговорност. – Ова е заеднички проблем, затоа оваа смрт е резултат на институционална и социјална негрижа. Ова не е изолиран случај, туку резултат на секојдневие кое ги дехуминизира жените.  Изборот да му се верува на насилникот, место на жртвата директно придонесува на ескалација на насилство, рече Димитрова.

    Росица, како што рече, немаше да биде убиена доколку се постапувало според професионални ингеренции и попишани протоколи. – Доколку криците за помош беа слушнати, а реакациите навремени и доколку сите претходни пријави против нејзиниот убиец од негови претходни жртви беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил некој по нив или се дозволило листата на жртви да расте?, изјави Димитрова. Посочи дека во изминатите пет години починале најмалку 20 жени како кулминација на повторени епизоди на родово базирано насилство.

    Марта Стевковска од мрежата „Стела“ изјави дека бараат институционална одговорност и санкции, оставки на одговорни службени лица и покренување дисциплински постапки против полицајци, обвинители, судии и центри за социјална работа кои не постапиле по пријавите за насилство и закани во овој и слични случаи. Бараат формирање независна истрага за институционалните пропусти во случајот.

    Учесниците извикуваа „Ниту една повеќе!“ и носеа транспренти на кои беше испишано „Од непостапување – до погребување“, „Направете специјална полициска единица која веднаш ќе реагира по пријава“, „Сите ние сме Росица“… Протестот заврши кај паркот „Жена борец“. 

    Featured Top News

    Популарно

    Зендели од ДУИ: Вреди го оставија својот кандидат на пола пат – ама во Брвеница ние гласаме за Рамадани

    31.10.2025 во 09:23

    Кралски скандал: Чарлс го разжалува братот Ендру – остана без титули и дом по аферата со Епстин

    30.10.2025 во 22:26

    Гудељ откри детали од бракот со Анастасија Ражнатовиќ: „Тоа е моја должност“

    30.10.2025 во 23:21

    Хрватска инвестира речиси 2 милијарди евра во модернизација на армијата

    30.10.2025 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.