Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

    Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

    08.11.2025 во 13:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција, Љупчо Николовски од редовите на СДСМ. 

    Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри, рече Николовски.

    „Овој скандал, според информациите коишто ги имаме, веќе има најава и можно е Европската унија да ги стопира финансирањата во ИПАРД-3 програмата од Европската комисија.

    Во ризик се ставени 128 милиони евра од целата 7 годишна програма, пари кои требаше да бидат двигател на нашето земјоделство.

    Тоа значи дека нема повеќе нови повици, најавите за новите повици не можат да се отворат, нема нови договори коишто ќе бидат склучени, но исто така и нема исплати за проектите коишто тековно се финансираат“, посочи Николовски. 

    Николовски нагласи дека илјадници земјоделци и агробизнисмени кои ги имаат планирано своите инвестиции на основа на овие средства или веќе реализираат инвестиции, сега се соочуваат со неизвесност, ризик и страв да не ги изгубат овие вложувања.

    „Губењето на правото на располагање со европските средства, кои се главен извор за модернизација на македонското земјоделство, за набавка на механизација, за опрема во преработувачките капацитети и изградба на нови, за поддршка на бизнисите во руралните средини, ќе го закочи целиот развој и ќе ја намалат конкурентноста на домашниот и европскиот пазар.

    Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, поддршката од ЕУ е под знак прашање. Во 2017 година затекнавме иста состојба, државата беше на раб да го изгуби европското финансирање во земјоделството, со само 12% искористеност на средствата.

    Оттогаш па наваму, седум години макотрпно работевме и со Европската унија изградивме ефикасен и професионален систем дома за поддршка и ефикасна искористеност на ИПАРД програмата.

    Така, од 12% стигнавме до целосна искористеност на ИПАРД-2 програмата. Станавме лидери во регионот по искористеноста на ИПАРД и во секое село може да се види таблата на еден од 2.369 реализирани проекти.

    А што имаме денес? Системот што го создадовме е уништен за само една и пол година власт на ВМРО-ДПМНЕ.  Од први станавме последни, и со ризик, поради овој корупциски скандал, да бидат стопирани 128 милиони евра за земјоделците“, потенцираше Николовски.

    Николовски рече дека година и пол алармиравме дека ИПАРД-3 програмата е предмет на злоупотреби. Повеќе пати го дискутирав тоа и во Македонското собрание. Изнудувањето на пари, чувањето на предмети во фиоки и на биро, неажурноста, заминувањето на голем број професионалци и партиските унапредувања, на што реагираше Брисел, беа сè поизразени.

    „А завчерашната акција е само кулминација, која, за жал, не нè изненади, но последиците ќе бидат огромни.

    Почитувани, последиците од овој скандал се огромни и одговорност мора да има. Како земја кандидат за членство во Европската унија, која нема друга алтернатива, Македонија е должна да демонстрира транспарентност, одговорност и функционални институции.

    Секое нарушување на довербата од страна на европските партнери го компромитира кредибилитетот на државата и води кон нови мерки, како: построг надзор, губење на финансиска поддршка и забавување на процесот на евроинтеграција.

    Во суштина, ова не е само удар врз земјоделците, туку и врз иднината на земјата како транспарентна, модерна и европска држава.

    СДСМ очекува целосна морална, политичка и кривична одговорност од секој што е вмешан во овој корупциски и криминален скандал. Одговорност мора да има и за последиците коишто ќе следат. Не може земјоделците, луѓето коишто ја хранат оваа држава и се двигател на македонската економија, да бидат жртви на корупцијата и на неспособноста на оваа власт“, вели Николовски.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.