Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски

    Николовски: СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски

    18.04.2026 во 12:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ денеска официјално поднесе интерпелација за работата на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Пратеникот Љупчо Николовски, на прес-конференција, го обвини ресорниот министер за „неспособност, криминални политики и системска корупција“ кои, според опозицијата, го довеле земјоделскиот сектор до колапс.

    Николовски посочи дека Министерството во изминатите две години се претворило во „приватна фирма за бизнис интереси“, а наместо развојни проекти, јавноста сведочела на бројни скандали. Како клучни аргументи за барањето за оставка, СДСМ ги наведе:

    Николовски потсети на апсењата на директорите на Платежната агенција и на Инспекторатот за земјоделство, кои беа фатени при примање мито, што според него е доказ за воспоставен систем на корупција.

    СДСМ ја обвини власта за суспензија на 128 милиони евра европски средства, што ја ставило земјата во подредена позиција во регионот.

    Според опозицијата, буџетот за земјоделците е скратен, при што субвенциите за тутун, сточарство и други култури се намалени, додека лимитот за субвенции за големите фирми е зголемен на 1 милион евра.

    Како спорни се посочени и укинувањето на авансната исплата на субвенциите, програмите за мали производители и недостатокот на капитални проекти и наводнување.

    „Овој министер нема капацитет, нема легитимитет и нема право да ја води оваа институција. СДСМ ќе бара политичка, а потоа и кривична одговорност за секоја штета и за секој криминал“, порача Николовски.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.