Николовски од Тирана: Продолжуваме да ја продлабочуваме соработката со Албанија

Република Северна Македонија и Република Албанија имаат одлична билатерална соработка и секоја средба е можност за нејзино дополнително унапредување, можност за размена на искуства во областа на земјоделството и за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи. Потпишаните билатерални и мултилатерални договори меѓу двете земји се доказ за нашата соработка, овозможувајќи на граѓаните во двете земји соработка во сите области од општественото живеење.

Ова го констатирале на денешната работна средба во Тирана министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Фрида Крифца, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија.

Како што соопшти МЗШВ, иницијативата за Отворен Балкан ја зајакнува соработката меѓу двете држави овозможувајќи им да ја олеснат и развијат меѓусебната трговија со растенија и растителни производи, за којашто двајцата министри констатираа дека одлично се спроведува. Станало збор и за унапредување на соработката меѓу државите за трговска размена на производи од животинско потекло, преку заедничка анализа и меѓусебно признавање на сите потребни сертификати, со цел зголемена трговска размена на овие производи. Во рамки на Иницијативата за Отворен Балкан, работната група за земјоделство, се посочува, ќе одржи состанок на 12 и 13 мај 2022 година во Тирана.

 

Министерот Николовски, кој беше придружуван од заменик министерот, Абдулшуќур Абедини и државниот советник, Трајан Димковски, на средбата ја истакна важноста на Договорот за фитосанитарна соработка, потпишан помеѓу двете држави во октомври, 2020 година.

06.05.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега