Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски до Трипуновски: Поднеси си оставка – доста ја дефокусираш јавноста

    Николовски до Трипуновски: Поднеси си оставка – доста ја дефокусираш јавноста

    14.11.2025 во 20:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка. 

    „Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што  впрочем и  мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и   кога објавивме дека има одлука за суспендирање, мораше да ја потврди. Грам грижа не покажа за сите оние земјоделци кои што набавуваат механизација, оние кои што градат, кои што земале кредити, кои што ги користат овие средства. Тој со денови, молчеше или прикриваше одредени работи, велеше дека нема врска со Платежната агенција, па излезе дека негов близок соработник меѓу опфатените опфатените“, рече Николовски. 

    Николовски во интервјуто посочи дека и Европската комисија во извешрајот укажува на слабостите во Платежната агенција. 

    „Европската комисија точно потенцира во поглавјето 11 кластер 5, во делот на земјоделство, конкретно во делот за ИПАРД дека се потребни антикорупциски мерки, нешто што за прв пат е нотирано. Тоа беше доволен аларм, но за жал се случи тоа за што алармирав повеќе пати и од собраниската говорница – сега штетите се големи“, рече Николовски.

    Тој додаде дека во моментов поради скандалот со ИПАРД под суспензија се 130 милиони евра кои не може да користат, односно тоа се  453 договори, од кои што 180 договори се во тек на реализација.

    „Луѓето ги очекуваат парите, влегле во инвестиции, тоа се многу хотели, фарми, објекти, преработувачки капацитети, мали бизниси во руралните средини, за кои што видовме дека воопшто нема загриженост, како што видовме министерот Трипуновски рече дека  воопшто не биле битни бројките.  Ако земеме во предвид дека сите овие проекти се реализираат од многу компании, подинвеститори, добавувачи – штетите и последиците од овој корупциски скандал во кој што се наоѓа државата, Платежната агенција, се огромни“, рече Николовски. 

    Во интервјуто Николовски посочи дека втор пат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случува суспензија на средствата од ИПАРД и додаде дека како претседател собраниската комисија, стои на располагање на помогне со  конкретни акциски планови, да не се повтори ИПАРД 1 кога беа тотално изгубени парите и имаше најниска реализација на ИПАРД.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.