Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски за Топ Тема: За ефикасен транспорт на Скопје му треба комбинација од градскиот воз, нови автобуси и БРТ

    Николоски за Топ Тема: За ефикасен транспорт на Скопје му треба комбинација од градскиот воз, нови автобуси и БРТ

    12.11.2025 во 21:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Транспортот во Скопје ќе го решиме единствено ако ги комбинираме проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето на Топ Тема.

    “ За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз и третото е решавање на урбаниот дел со поекономичен тарнспорт кој јас фигуративно го нарекував трамвај за да им е сликовите на граѓаните, а тоа е трамвај без шини.  И трите работи мора да ги споиме и да има синергија меѓу нив. Било која од трите да функционира сама  ќе го имаме ова што сега го имаме”- истакна Николоски. 

    Во однос на проектот Градски воз тој потенцираше дека проектот веќе се реализира со засилена динамика на првата линија од Зелениково преку Драчево до Нова железничка станица. 

    “ Проектот е голем, презначаен за Скопје кој ќе остави длабока трага за да биде манипулиран за изборната кампања и затоа промоцијата беше после изборите. Три линии имаме, ние почнавме да ја работиме првата линија која оди од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица, таа е 25 км. Втората која ќе почнеме да ја работиме напролет оди од Миладиновце, Илинден, Маџари и Нова железничка и третата од Нова железничка, Скопје Север, Ѓорче Петров и завршува во Волково односно во Радуша. И тоа е во принцип е инфраструктура која Скопје ја има која што децении наназад е запуштена и не користена. Пример дрвените прагови кои што ги менуваме во моментов кај Драчево се поставени помеѓу 1963 и 1969 година. Тое се над 60 години да воопшто ништо не се работело таму”- рече вицепремиерот Николоски.

    Тој најави дека ќе се направи бајпас околу Скопје,  а со тоа  дизел локомотиви и возови нема да влегуваат во градот за да се влијае врз заштитата на воздухот.  Исто така најави и дека ќе се набавуваат и нови возови, а набавката се планира да започне на две години пред да се заврши брзата пруга. 

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.