Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, вели во интервју за ” 360 степени”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија, додаде Николоски.
” Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше, премиерот Мицкоски ова го стави како прва политика на Владата. Затоа што кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот најважен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија. Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските кои што наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата и сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата” – рече Николоски.


