Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско. Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија. Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Николоски: Првите 30 електрични еколошки автобуси пристигнуваат порано од предвидениот рок
- Ескалација во Тирана: Нападната полициска зграда – нови судири меѓу полицијата и демонстрантите, оган од сите страни
- Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
- Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
- Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
- Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
- Апсења во повеќе градови во Македонија
- Следната недела доаѓа голем празник


