Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата – потпишав грант Договор со Светска банка 

    Николоски: Следува најкрупната реформа во Железницата – потпишав грант Договор со Светска банка 

    29.06.2026 во 12:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

    Договорот кој е во износ од еден милион евра треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на МЖ Транспорт  со цел созадавање на функционално претпријатие.

    Николоски истакна дека со изборот на оваа Влада, приоритет е МЖ Транспорт да се надградува и да се модернизира.

    ​“ Најпрво направивме законски измени со коишто практично го зачувавме претпријатието, имајќи предвид дека последните одлуки на претходната Влада значеа затворање на Железница Транспорт. Потоа влеговме во сериозна реформа внатре во Железница Транспорт и веќе првите резултати се гледаат. Оваа година имаме позитивни бројки во првите четири месеци. Имаме раст и во бројот на превезени патници и она што е особено значајно и што мене многу ме радува, сериозен раст на карго сообраќајот”-истакна Николоски.

    ​Тој додаде дека со ЕУ се работи на трансформацијата на двете желенички претпријатија како дел од Планот за раст на ЕУ.

    “ Tокму овој проект којшто го започнуваме денеска со потпишување на овој грант од страна на Светска банка, за што сакам да се заблагодарам, е почеток на реализација на овој проект кој што ќе значи една темелна и суштинска реформа. Паралелно ќе одиме и со набавка на возови, да се обнови флотата, нешто што е особено значајно. Паралелно со една друга финансиска институција веќе потпишавме договор за набавка на електрични локомотиви, коишто многу значат во делот на развој на карго сообраќајот. Треба да се купат најмалку пет електрични локомотиви”- истана заменик претседателот Николоски.

    Во однос на крупните инвестици во железницата, тој додаде дека во финална фаза е изградбата на првата линија од Градски воз, а очекува оваа година да се распише и тенедерот за изградба на втората линија од Илинден до Новата железничка станица како и третата линија од Ѓорче Петров до Новата железничка станица и истите да бидат завршени до крајот на 2027 година или првата половина на 2028 година.

    ​“Ако на тоа се додадат исклучително сериозните инвестиции кои што ги правиме заедно со ЈП Железница Инфраструктура, тогаш е јасна визијата на Владата дека сакаме комплетна промена на железничкиот сообраќај во државата.  Првата делница од пругата, односно железничкото поврзување со Бугарија беше готова минатиот јануари и заеднички ја ставивме во функција. На втората активно се работи и се надевам дека по потпишувањето на анексот за продолжување на рокот, тоа ќе биде финалниот рок со којшто ќе се заврши втората фаза. Исто така, во постапка на избор сме на изведувач за третата фаза – имено, тендерот за надзор е веќе објавен и претквалификацијата тече, а очекуваме за многу скоро време да биде објавен и тендерот за изградба”- рече Николоски. 

    Тој додаде дека во рамки на Планот за раст се работи и на западното крило на Коридорот 8.

    “Првично тоа би било Скопје -Јегуновце – Тетово – Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза од Кичево до Охрид, Струга и поврзување со Албанија. Ако на тоа се додаде и брзата пруга на Коридорот 10, за која што веќе ги финализираме документите, тогаш е јасно дека имаме една визија за целосна трансформација на Железницатa”- се обрати заменик пртеседателот Николоски.

    ​Тој се заблагодари на Светска банка за грант средствата и за континуираната подршка за Македонија.  

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.