Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар на Истокот

    Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар на Истокот

    19.09.2025 во 13:582 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот. Има бројни капитални проекти шти ги реализираме како Влада и со тоа даваме силна подршка за Штип и регионот, истакна денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата “Штипска пастрмајлијада”. 

    Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица, се дел од проектите што се реализираат во Штип со подршка на централната власт.   

    “ Навистина е  чест да се биде денеска во Штип на отворањето на овој голем настан за кој што живее овој град и целиот регион. Сметам дека е добро да се организираат вакви настани со цел да се раздвижи локалната економија, ова значи многу посетители кои што овие денови ќе го посетат Штип. Ова значи влез на неколку милиони евра директно во локалната економија што е задвижување за целото стопанство и нешто што треба да биде подржано. Мислам дека градоначалникот прави одлична работа и сакам да му честитам за тоа што го прави досега и  верувам дека и во следниот период ќе има уште поголеми успеси и поголеми работи. Посакувам убава дружба и убави моменти, не само за штипјани туку и сите што ќе ја посетат манифестацијата.

    Во иста насока сакам да кажам дека продолжуваме да го подржуваме Штип.  Бројни инфрастрктурни проекти се во реализација, во делот на патната мрежа, во делот на канализациски и водоводни мрежи, во делот на образованието. Работиме и големи проекти, интензивно се работи на браната Отиња како и на целосна  урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро на западниот дел на Македонија, браната Отиња треба ќе стане во Источна Македонија. Покрај универзитетски и бизнис центар, Штип да стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е и урбанизцијата околу браната Кежовица. Таму има голем туристички потенцијал, така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализирани, дел се реализираат и секогаш доаѓам со задоволство, заедно со градоначалникот и со пратениците работиме на реализација на прoектите”- истакна Николоски.   

    Featured
    Прочитај повеќе

    Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје

    26.08.2026 во 22:45

    ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери

    26.08.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.