Првата линија од проектот “Градски воз” во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а нашата идеја e да воспоставиме редовен сообраќај на три линии – истакна во денешното гостување во Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Идејата на проектот “Градски воз” е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, да може таа да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за 6 месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз”- рече Николоски.

Вицепремиерот информираше и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка прво на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.

Во однос на брзата пруга исткана дека е започнато да се изготвуваат физибилити студиите, градежните работи на терен да започнат следната година и истата да биде завршена за пет години, со тоа што делови од брзата пруга би се користеле во 2028 година. 

Exit mobile version