Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра

    04.04.2026 во 15:33

    Жена загина во пожар во Шуто Оризари

    04.04.2026 во 15:27

    30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило

    04.04.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра
    • Жена загина во пожар во Шуто Оризари
    • 30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило
    • Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии
    • За 24 часа уапсени 15 возачи за безобѕирно возење низ државата
    • Филипче: Кошничката е 68.000 денари, ниту 600 евра плата не би ја ублажила кризата
    • Зголемен животниот век на пациентите со рак благодарение на нови лекови и зголемен буџет
    • ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Не може да оди на журки во Дубаи па глуми портпарол, Владата веќе носи нови антикризни мерки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра

    Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра

    04.04.2026 во 15:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, упати сериозно предупредување околу иднината на пазарот на недвижности во главниот град. Според него, трендот граѓаните да се спротивставуваат на носењето нови детални урбанистички планови (ДУП) директно ќе предизвика астрономски скок на цените на становите во Скопје.

    Тој проценува дека доколку не се овозможи планирана урбанизација и изградба на нови објекти, цената за метар квадратен наскоро може да ја надмине границата од 5.000 евра.

    „Јас ви гарантирам дека доколку продолжи да не се носат детални урбанистички планови, цената во Скопје ќе биде над 5.000 евра метар квадратен. Лесно е сега некој што ме гледа да рече – нека си живеат во нивните градови, ама не сакаат да живеат, сакаат да живеат во Скопје“, изјави Николоски.

    Вицепремиерот објасни дека побарувачката за живот во главниот град е реалност која не може да се игнорира, а ограничувањето на понудата на нови станови ќе доведе до сериозна социјална раслоенст.

    „Ако сакаат да живеат во Скопје и доаѓаат тука, ние мораме да имаме можност да имаат што да купат. Ако немаат што да купат, ќе купуваат овие кои ќе имаат најмногу пари, и тоа ќе го ништува животот на овие кои сега живеат во Скопје“, потенцираше тој.

    За Николоски, урбанистичкото планирање не е само техничка или бирократска формалност, туку клучен економски механизам кој директно влијае врз пристапноста на становите за просечниот граѓанин, а со тоа и врз севкупниот квалитет на живот во државата.

    Популарно

    Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра

    04.04.2026 во 15:33

    Жена загина во пожар во Шуто Оризари

    04.04.2026 во 15:27

    30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило

    04.04.2026 во 15:25

    Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии

    04.04.2026 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.