Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Кошничката е 68.000 денари, ниту 600 евра плата не би ја ублажила кризата

    Филипче: Кошничката е 68.000 денари, ниту 600 евра плата не би ја ублажила кризата

    04.04.2026 во 15:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогнат, нагласи  на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со потрошувачка кошничка која достигна скоро 68.000 денари сега и 600 евра минимална плата не е доволно за заштита на стандардот на граѓаните.

    „Има зголемување, на минималната плата од 1.667 денари. Ништо со ова не се постигнува. Скоро 68.000 денари е потрошувачката кошничка. Ако имаме предвид дека претходно порасна цената на струјата, понатаму на парното, со ова зголемување ништо не се постигнува, сега ни она минимална плата која што ние ја предлагавме, а која власта ја одби од 600 евра, нема да им помогне на граѓаните“, рече Филипче.

    На прес-конференцијата, Филипче презентираше дел од движењата на цените пред кризата и сега, кои покажуваат драстичен раст.

    „Пред кризата, белиот сечкан леб од 500 грама беше 34, сега 47,5 денари во некои маркети. Зејтинот од 77,5 на 110 денари. Јајцата од 220 на 290 денари, брашното од 40 на 52,5 денари, млекото со 3,2% масленост од 67,5 на 82,5 денари. Драстичен раст на цените има на зеленчукот и овошјето. Доматите од 130 на 235 денари, домашните јаболка од 45 на 70 денари. Ова е доказ дека граѓаните се оставени сами да се справуваат“, рече Филипче.

    Тој додаде дека доколку владата ги прифатеше предлог- мерките на СДСМ навреме, немаше да дојде до вакво поскапување на горивата и на храната.

    „Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да поскапат цените, како што е тоа случај сега. Освен ДДВ-то за храна, за горива, акцизите за горива треба и преполовување на цените на патарините“, рече Филипче. 

    Притоа, Филипче посочи дека владата дополнително треба да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта.

    „Да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива. Гледаме дека во Европската Унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, зашто видовме дека се експерти, нека се посветат малку и на тоа што има вистинска работа. Знам дека е тешко, не е едноставно, мислат дека треба да се грижат само за себе и тука се маестрални, но граѓаните имаат реални, вистински потреби“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.