Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: По Мадрид и Барселона ќе има уште авиолинии од Шпанија

    Николоски: По Мадрид и Барселона ќе има уште авиолинии од Шпанија

    28.10.2025 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    • Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид. Авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата ќе лета на оваа релација трипати неделно секој вторник, петок и сабота.
    • Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по воспоставувањето на директниот лет од Скопје до Мадрид и претходно до Барселона, ќе има уште дестинации од Шпанија. Од изборот на новата Влада минатата година до денес, како што рече, отворени се 21 нова директна авиолинија, а како резултат на промената во политиката за субвенционирање се зголемил бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром.
    • Со директниот лет помеѓу Мадрид и Скопје се поврзуваат двата главни града на Македонија и Кралството Шпанија што е многу значајно за развој на туризмот, бизнисот, размената во делот на културата, нешто што навистина значи многу. Лани заедно со ТАВ направивме нова стратегија во начинот на субвенционирање, иноватива политика во субвенционирањето, со што субвенциите ги зголемивме двојно од претходно. За Скопје субвенцијата е 9 евра, а на Охрдскиот 12 за патници во доаѓање, што значи дека стимулираме што повеќе патници да доаѓаат во Македонија. Како резултат на тоа денес гордо можам да споделам дека во периодот јануари – октомври годинава има раст од седум проценти на бројот на патници, на Скопскиот шест, а на Охридскиот за 17 проценти на бројот на патници, односно вкупно 2.862.677, што го надминува далеку бројот на жители во Македонија, рече Николоски.
    • Тој ги наброја воведените нови авиолинии, потенцирајќи дека ќе има уште дестинаци до Шпанија и оти Барселона и Мадрид нема да се последни.
    • Од Париз, Орли, се лета за Скопје, од Истанбул се лета за Охрид, од Дубаи ќе почне да се лета за Скопје оваа зима. Од Барселона од Лион, од Амстердам и од Љубљана исто така се лета за Скопје, тука се чартерите на Фрибрд ерлајнс коишто секој ден слетуваат на скопскиот аеродром, наскоро ќе бидат и по два дневно. До Охрид почна да се лета од Базел, Ларнака. Мадрид, Штутгарт, Париз, Стокхолм на главниот аеродром почнуваат овие денови. Ја отвораме Женева, како и Келн, Прага, а веќе од пролет Неапол, Будимпешта, Катовице и Вроцлав до Охрид и Милано исто така до Охрид. Вкупно 21 нова дестинација, 21 нова линија за зголемување на бројот на туристи и повеќе бизнис во Македонија, рече Николоски.
    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.