Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Внимателно се следат берзите по нападите на Блискиот Исток, горивата во Македонија остануваат најевтини во регионот

    05.05.2026 во 11:53

    Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија

    05.05.2026 во 11:43

    Гаши со честитка за 5 мај: Македонскиот јазик е еден од столбовите на нашата заедничка држава

    05.05.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Внимателно се следат берзите по нападите на Блискиот Исток, горивата во Македонија остануваат најевтини во регионот
    • Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија
    • Гаши со честитка за 5 мај: Македонскиот јазик е еден од столбовите на нашата заедничка држава
    • Министерот Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел
    • Мицкоски од Аеродром: Започнува доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ за подобри услови на учениците
    • Здравствен дом Гостивар засилен со 18 нови вработувања: Шест лекари и осум сестри добија решенија
    • (ФОТО) Втор ден масовни измами преку СМС: Не наседнувајте на пораките за „неплатена казна“
    • „Мислев дека автомобил удри во куќата“, „Чашата падна од масата“ – силниот земјотрес ги разбуди соседите среде ноќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

    Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

    05.12.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија вложува силни напори да ги изгради и модернизира европските коридори 8 и 10 и во таа насока реализираме крупни проекти на истите. Работиме на изградба на железничкото поврзување со Бугарија, започнавме со постапките за изградба на брза пруга на коридор 10, а исто така градиме и автопатски делници на коридор 8, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во рамки на Министерскиот совет на Транспортната заедница, што се одржува во Брисел.

    “ Имаме среќа што два паневропски коридори, 8 и 10, минуваат низ земјата и решивме како Владата да вложиме напори за напредок на двата коридори и тоа е нешто на што работиме заедно со нашите пријатели, партнери.

    Како што знаете потпишавме заеднички договор во ноември, за коридор 8 и тоа е големо достигнување за двете земји, нешто што целосно ќе ја промени реалноста во регионот и сега работиме за да го спроведеме. Од наша страна, железницата е поделена на 3 делници, едната е во функција од јануари годинава, втората се надевам ќе ја завршиме следнава година, а за третата работиме со нашите партнери од ЕИБ за да го објавиме тендерот не подоцна од јануари и очекувам напредок таму и така ќе дојдеме до спојување со Бугарија преку тунел. Што се однесува до коридор 10, во делот на железницата, решивме да изградиме брза железница со 200 км на час за патнички возови и 120 км на час за товарни возови. Преку Велика Британија добивме поволно финансирање и веќе се спроведува подготвителна работа. Ако се биде добро, очекувам првите машини да бидат на терен не подоцна од јуни 2026 и да завршиме во период од 5 години. Тоа ќе биде голем поттик за економијата во регионот и за поврзување. Што се однесува до автопатите, со коридор 10 процедурата е во тек, работиме со Светска банка, а со коридор 8 почнуваме сега и ќе продолжиме. На коридор 8 ја отворивме источната делница меѓу Куманово и Крива Паланка во јануари, работиме на западната делница и би сакал да ве поканам сите да видите што работиме” – рече вицепремиерот Николоски.   

    Министерскиот совет е во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница. Покрај вицепремиерот Николоски, присуствуваат и министри за транспорт и владнини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.   

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова од Ереван: Поддршката од Романија за ЕУ мора да се темели на европски принципи

    05.05.2026 во 10:24

    Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран

    05.05.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.