Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Брвеница: Ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

    Николоски од Брвеница: Ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

    30.10.2025 во 18:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ,,За општина Брвеница со идниот градоначалник Јовица Илиевски ќе реализираме нови проекти со специјален буџет преку Министерството за транспорт. Исто така донесена е одлука да се изгради нов влез и излез на автопатот. Политиката на национализам ќе доживее пораз и во општина Брвеница, а Јовица Илиевски ќе добие втор мандат за градоначалник“, истакна  потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на средбата со граѓани во Брвеница.

    ,,Успешните треба да се наградуваат и затоа во општината инвестираме во повеќе проекти кои целосно ќе го променат ликот и ќе го подобрат животот на жителите“, вели Николоски.

    Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски:

    ,,Улицата “Браќа Јаниќ” во општина Брвеница е дел од еден поголем проект кој што го работиме заедно со Светска Банка. Тука инвестираме некаде околу 10 милиони денари, за целосно уредување на улицата и ова ќе биде една прекрасна улица, драго ми е што цела една нова населба се развива тука и драго ми е што општина Брвеница расте, луѓе доаѓаат и се доселуваат тука. Исто така, она што можам да го најавам, е дека по насока на Владата и Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на нешто што беше децениско барање на жителите на општина Брвеница, а тоа е клучка која што ќе ја поврзува општината директно на автопатот. Знаете дека сега од едната страна има влез, од другата страна нема влез, така што, ќе имаме целосно решение кое ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места кои што гравитираат кон општината.  Кажа градоначалникот дека од првиот повик сите средства се искористени и сакам да му честитам за тоа. Во однос на вториот повик имаме околу 60 милиони денари, се работи за некаде десетина проекти кои што ќе ги реализираме и сакам да најавам уште една работа вечерва. Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек кој целосно ја трансформира општината, свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни, свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот против кандидат, затоа што нема што да каже, не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил позади себе и затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие втор мандат, а во вториот мандат првиот состанок ќе му биде со мене. Имаме резервирано дополнителни средства во Министерството за транспорт, и најавувам дека за општина Брвеница ќе има специјален буџет, кој што ќе е дополнителен. Готовите проекти кои што ќе ги донесе градоначалникот, ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт и ќе бидат реализирани, затоа што успешните треба да се наградуваат“.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.