Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

    Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

    13.10.2026 во 20:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Растот на бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија се очекува да достигне 3,5%, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше нагоре својата претходна проекција од 3,1%. Говорејќи вечерва во емисијата „Колегиум“ на АЛФА ТВ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, посочи дека позитивната ревизија на прогнозата од страна на ММФ е значаен показател за економските движења во земјава, а значаен придонес за ваквите економски резултати секако има градежништвото кое бележи двоцифрен раст во последните шест квартали.

    “Денеска стигна ревидирање во однос на проценката на БДП, и тоа ревидирање не го направи Македонија, туку Меѓународниот монетарен фонд, една од двете најрелевантни институции за економија во светот, заедно со Светската банка, коишто велат дека растот на БДП ќе биде на 3,5%, а нивната проценка првично беше 3,1%”, посочи Николоски.

    Тој нагласи дека ваквите очекувања се особено значајни ако се земат предвид актуелните глобални економски предизвици, вклучително и енергетската криза, како и фактот дека голем број држави се соочуваат со стагнација или рецесија. Како еден од главните двигатели на економскиот раст, Николоски го посочи градежништвото, во кое, според него, веќе шест квартали по ред се бележи двоцифрен раст. Дополнително, тој очекува позитивниот тренд да продолжи и во втората половина од годината.”Голем удел во овој раст има градежништвото, 6 квартали досега имаме двоцифрен раст на градежништвото. Вториот квартал во оваа 2026 година, растот беше скоро 22%, а очекувам и во третиот и во четвртиот растот да биде двоцифрен, што сигурно придонесува и во растот на БДП, така што ефектите се гледаат веднаш”, рече вицепремиерот Александар Николоски 

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.