Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Скок на енергетските пазари: Нафтата достигна највисока цена во последните пет месеци
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ -Дака или негова компанија се гради енергетски објект во Македонија

    Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ -Дака или негова компанија се гради енергетски објект во Македонија

    01.04.2026 во 21:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која негова компанија нема да гради во Македонија енергетски објетк. Јас лично во опозиција бев најголем критичар и прв ја отворив аферата со Шик Јелак во Тетово, така да сега имавме рано предупредување и го прифативме и нема да дозволиме да гради енергетски објект, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма, која ја објасни постапката за изработката на Годишниот план за изградба на енергетски објекти.  

    “ Имено годишниот план е само иницијален план кој што ги утврдува стартните позиции. Има бројни чекори кои што треба да ги направи после тоа, дали е тоа урбанизација, дали е еколошката студија, дали е студијата за влијание врз социјалната средина и на крај усвојувањето кое што треба да го изврши Министерството за енергетика, кое што го потврдува Владата. Дури тогаш кога доаѓа фазата на областување, се бара банкарска гаранција во вредност од најмалку 25 илјади евра по мегават со цел да се гарантира дека ќе се реализира инвестицијата и тогаш се проверува потекло на капитал и сопственоста на компаниите. Но, работата на опозицијата е да предупредува, да критикува и ние го прифативме условно кажано во почетна во рана фаза. Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која негова компанија или компанија поврзана со него ќе гради во Македонија. Најдобар доказ за тоа е она што го споменав претходно, јас стојам позади секој збор кој сум го кажал во опозиција. Во 2020 година јас прв ја отворив аферата и одлуката за Шик Јелак во Тетово. Тоа беше првиот зелен детален урбанистички план кој што се усвои после парламентарните избори во 2020 година. Тоа е всушност причината зашто Теута Арифи не замина за амбасадор во Вашингтон. Сега, условно кажано имавме рано предупредување и нашиот став е дека нема да дозволиме да се гради, нема да се гради енергетски објект или било каков објект кој што е поврзан со него или со компании поврзани со него” – истакна вицепремиерот Николоски.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.