Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Над 74 % од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

    Николоски: Над 74 % од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

    08.05.2026 во 20:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 74% од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се веќе реализирани уште на почетокот од годината.Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. 

    Тој истакна дека овој резултат се должи на сериозното планирање и интензивна работа уште од првите месеци по формирањето на Владата и посочи дека ваквата реализација е силен импулс за економијата и градежниот сектор во државата.

    ” Работевме доста интензивно од изборот до минатото лето на сериозно планирање на активности и веќе од минатата пролет-лето, работиме на реализација. Јас не сум изненаден од овие бројки и сум навистина горд што 3/4 од средствата предвидени за капитални расходи во Министерството за транспорт се потрошени, затоа што тие средства даваат дополнителен стимул на економијата”, истакна Николоски.

    Вицепремиерот потенцира Министерството е подготвено да реализира дополнителни 40 милиони евра, доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

    ” Во однос на тоа што ќе правиме во остатокот од годината, ова е една убава комотна позиција за нас, да можеме при ребалансот на Буџетот, да побараме дополнителни средства. Ние во моментов имаме услови да исконзумираме некаде околу 2,5 милијарди денари или над 40 милиони евра, средства кои што дополнително сме спремни да ги реализираме во текот на годината, а надвор од ова што е буџет на Министерството за транспорт”, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и додаде: 

    ” Нашите проекти се највидливи и оваа цела раздвиженост на градежната оператива низ државата го покажува тоа што го зборувам”.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.