Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: На овие локални избори ќе нема место каде што нема да победиме

    Николоски: На овие локални избори ќе нема место каде што нема да победиме

    28.09.2025 во 10:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. 

    „На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, веројатно ќе нема место каде што нема да победиме. Победата во Карпош и победата во Струмица ќе бидат круната на овие локални избори. Во Карпош затоа што мора да покажеме дека во Македонија има владеење на правото и оние коишто грешеле не може да бидат градоначалници, туку ќе одат таму кај што заслужиле, а   во Струмица затоа што допрва ќе испитуваме што се работело во општината години наназад, децении наназад, на кој начин тоа се правело. На кој начин од еден пристоен град за живеење Струмица стана град којшто е на врвот на листите на загадување секоја зима, и како никнат згради како печурки на секој ќош кој тоа го дозволи и како го дозволи тоа”, кажа Николоски. 

    Николоски посочи дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Струмица ќе стане поубаво место за живеење со реализација на бројни инфраструктурни проекти, нови улици, булевари училишта, градинки како и поврзување со Коридорот 4.

    „Владата силно ќе застане и позади овој тим на советници, луѓе кои сум убеден дека со доктор Никола заедно ќе работат да имаме најуспешен совет досега. Убеден сум дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме заеднички да ја спроведеме визијата и да реализираме бројни проекти, да направиме и Струмица и околните населени места многу поубаво место за живеење. Ќе има нови улици и нови булевари и нови водоводни и канализациони системи, ќе зборуваме и за нови училишта и за нови градинки, ќе зборуваме да реализираме повеќе паркови, а ќе реализираме и големи инфраструктурни проекти. Нашата стратешка цел покрај двата коридори коишто се сечат Коридорот 10 и коридорот 8, е да се поврземе и со Коридорот 4 и тоа поврзување ќе оди токму преку Струмица, најавувам многу голем грандиозен проект“, истакна Николоски.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.