Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Македонија економски напредува, политички е стабилна, пред нас се бројни предизвици

    Николоски: Македонија економски напредува, политички е стабилна, пред нас се бројни предизвици

    02.10.2026 во 22:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва присуствуваше на настан во организација на новото раководство на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Струмица.

    Николоски порача дека пред државата и политичката партија претстојат бројни предизвици, а младите треба да имаат активна улога во процесите што следуваат.

    „ВМРО-ДПМНЕ е најсилна и најобединета од своето основање и во тој дух и таа енергија треба да продолжи. Во овој момент постои ажурирање на членството, како и прием на нови членови. Вратите се широко отворени“, порача Николоски, повикувајќи ги поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се зачленат во партијата.

    Тој истакна дека Унијата на млади сили има активна улога во партиските активности, особено во периодот што следува, кога, како што рече, државата е пред сериозни одлуки, а партијата пред бројни активности.

    Во однос на економските движења, Николоски посочи дека Македонија, според него, бележи економска и политичка стабилност.

    „Растеме во економијата. Во вториот квартал имавме раст од 4,3 отсто, што е трет највисок раст во Европа. Политички сме стабилни, имаме стабилна Влада поддржана од огромно мнозинство во Собранието и ги реализираме проектите кои ги ветивме“, изјави Николоски.

    Тој додаде дека, според него, Македонија економски напредува и политички е стабилна, а Владата, како што рече, го чува достоинството на македонскиот народ и на граѓаните кои ја поддржале.

    Николоски упати порака и до младите членови на УМС, од кои очекува во иднина да преземат одговорност и да заземат значајни позиции.

    „Се надевам дека сите кои се денес членови на Унијата на млади сили, раководството на општинските комитети и Извршниот комитет на УМС, се луѓето кои во следниот период ќе заземат значајни позиции и ќе преземат одговорност за иднината на државата“, рече Николоски.

    Како дел од активностите што следуваат, тој ги спомена и предвремените избори во општина Брвеница, како и потребата од вклучување на нови и млади кадри во политичките и државните процеси.

    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.