Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Инженерски, а не политички проблем со Бугарија беше изградбата на Железницата

    Николоски: Инженерски, а не политички проблем со Бугарија беше изградбата на Железницата

    12.11.2025 во 19:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Не успеа намерата на поедини сили во Бугарија, од инженерски да направат политички проблем, сега имаме конкретен и цврст договор за изградба на заедничкиот тунел од пругата, а гарант за тоа се Европската Унија и САД, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    -Ова не беше лесна задача и за бугарскиот вицепремиер и министер Караџов и треба да му се оддаде признание за таа работа, затоа што сериозни политички структури беа против овој проект, рече Николоски.

    Како пресвртна точка во однос на придвижување на работите, Николоски се наврати на состанокот со Караџов во Истанбул, каде беше постигната согласност околу сите прашања од двете страни.

    -Таму го презентирав проектот кој што Македонски железници го има изработено за целиот тунел, тие го разгледаа и го прифатија. Јас презедов обврска да ја забрзаме работата на вториот дел, од Бељаковце до Крива Паланка и зедов обврска да се тендерира третиот дел, од Крива Паланка до границата, односно до тунелот и очекувам веќе во декември тендерот да биде објавен. Од друга страна, бугарскиот вицепремиер презеде обврска, да вложат 1 милијарда и 200 милиони евра, од кои што најголем дел се за реконструкција на постоечката железничка инфраструктура, да го тендерираат делот од Ѓуешево до граница и заеднички да го работиме тунелот, истакна Николоски

    Николоски ја истакна важноста на проектот и за НАТО и САД, кои овој коридор го имаат обележано како стратешки и безбедносен во овој регион.

    “Овој коридор треба да е начин за снабдување на Украина, имајќи во предвид дека од Бургас до Одеса е многу кратко патувањето со брод, а другото е железнички и евтин превоз кој што би се користел при реконструкција на Украина или ако продолжи војната при понатамошни активности за одбрана на Украина. Така што е многу значајно и учеството на САД”- рече Николоски.

    Вицепремиерот зборуваше и за други инфраструктурни проекти кои ги договорил со бугарскиот вицепремиер Караџов, а ќе почнат да се реализираат во скоро време.

    – Она што исто така е важно, е дека со Караџов договоривме уште две работи. Прво, ќе почнат да градат експресен пат и автопат до Деве Баир, што прв пат се случува во историјата на односите на двете држави. И второ, знаете дека Македонија има одлична геостратешка положба, каде што се вкрстуваат два паневропски коридори, 8 и 10, а низ Бугарија поминува Коридорот “Струма”, се договоривме да ги споиме Коридорот 10 и Коридорот “Струма”, рече Николоски, додавајќи дека овој проект би значел поврзување со експресен пат од Македонија преку Смоквица-Валандово и Струмица и Ново Село, а истиот би се финансирал со средства од евтини кредити и грантови, за кои веќе постои интерес од страна на Европската Унија и Европската Инвестициска Банка.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.