Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени

    17.08.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Безбедноста во сообраќајот е култура, целта е 50% помалку загинати до 2030 година

    Николоски: Безбедноста во сообраќајот е култура, целта е 50% помалку загинати до 2030 година

    02.12.2025 во 11:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот.  Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.”

    Патната инфарструктура што ја креираме мора да биде безбедна по проект, да ги минимизира ризиците и да нуди услови за безбедно движење за пешаците, велосипедисти, моторни возила и лицата со делумна подвижност. Безбедноста мора да стане основен критериум во плановите и проектите што ги правиме, додаде вицепремиерот Николоски.

    “ Во рамки на Министерството за транспорт се работи на неколку стратешки насоки и тоа Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна, но неопходна цел – намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50 % до 2030 година затоа што бројките се лоши, Македонија е во врвот и се надевам дека со МВР ќе ги подобриме работите. Ја унапредуваме националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија, користење на податоци за идентификација на црни точки и нивно минимизирање, креирање на урбанистички планови со безбедна инфраструктура. Ги подржуваме и соработуваме со општините за развој на локални проекти во дел на модернизација на раскрсници, воведување мерки за смирување на сообраќајот, изградба на тротоари и велосипедски патеки. Со Правилникот, велосипедските патеки за прв пат се категоризирани бидејќи до сега беа на доброволна основа, сега се задолжители. Промовираме Интелигентни транспортни системи, обврска што ни е зададена и со Планот за раст на ЕУ.  Во овој момент  Светска банка води постапка за поставување на ИТС на Коридор 10, над 13 милиони евра се грант за овој проект и за некаде година и половина ќе имаме целосно дигитализиран автопат од границата со Србија со границата со Грција. Веќе се работи на слична апликација и за Коридор 8 ” истакна вицепремиерот Николоски.   

    Активностите за безбеден сообраќај на патиштата мора да бидат координирани и заеднички интероперабилно да се решаваат сите предизвици, додаде Николоски, кој потенцира дека активностите треба да бидат насочени кон долгорочни цели и активности.

    Прочитај повеќе

    Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети

    17.08.2026 во 18:09

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.