Автопатот Прилеп – Битола ќе биде целосно изграден до 2028 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој преку социјалните мрежи информираше дека градежните работи се одвиваат со силна динамика, споделувајќи и видео материјал од теренот.

„Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот, автопат од Прилеп до Битола до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, напиша Николоски на својот фејсбук профил.

Exit mobile version