„Никогаш не знаеме кој ни е последниот ден“: Ова е загинатата девојка по земјотресот во БиХ, претходно цел ден била на молитва (ФОТО)

Една девојка загина во синоќешниот земјотрес во Бих кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Станува збор за 27 годишната Елмира Сефо од која вчера доцна вечерва започнаа да се простуваат многу пријатели и познаници преку социјалните мрежи.

-Никогаш не знаеме кој ни е нашиот последен ден, затоа секој ден живејте го како последен. Многумина погрешно ги сфаќаат овие зборови. Живеј секој ден така што си подготвен да му се вратиш на господ, е една од пораките на Фејсбук.

Друг корисник напиша дека таа вчера била на молитва во џамија и откако се вратила се случила трагедијатa.

23.04.2022 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега