Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Невремето во Куманово остави хаос – Граѓаните да пријават штета

    Невремето во Куманово остави хаос – Граѓаните да пријават штета

    24.07.2026 во 11:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кризниот штаб на Општина Куманово донесе низа мерки за справување со последиците од силното невреме што го зафати градот и околните населени места.

    Најголеми оштетувања има на електродистрибутивната мрежа, а надлежните информираат дека расчистувањето на паднатите дрвја и санацијата на штетите ќе продолжат и во следните денови.

    На седницата на Кризниот штаб, свикана по предлог на Центарот за управување со кризи, било констатирано дека силниот ветер предизвикал значителни оштетувања на инфраструктурата, електричната мрежа, приватните имоти и земјоделските површини.

    Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис-Јаневска, информираше дека најпогодена е ЕВН, каде се регистрирани повеќе од 100 паднати столбови за електрична енергија и над 400 дефекти на дистрибутивната мрежа. Досега се санирани 342 дефекти, а снабдувањето со електрична енергија во градот е речиси целосно нормализирано.

    „Најкритична останува состојбата во селото Клечовце и дел од руралните средини во Куманово и Старо Нагоричане, каде паднати тополи ја оштетиле електричната мрежа. На терен заеднички работат екипи на ЕВН, ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Чистота и зеленило““, изјави Сларидис-Јаневска.

    Од Кризниот штаб упатија апел до месните заедници да се вклучат во расчистувањето, бидејќи ЈП „Чистота и зеленило“ нема надлежност и механизација за отстранување на големи дрвја надвор од урбаните подрачја.

    Граѓаните кои имаат дрвја што претставуваат опасност можат да ги пријават во Општина Куманово, по што општинска комисија ќе изврши увид и ќе предложи соодветни мерки.

    Телефонските линии на Општината остануваат отворени за пријавување штети. Досега се доставени девет писмени барања за надомест на штета, а уште десетина граѓани телефонски ја пријавиле состојбата.

    Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, информираше дека службите интензивно работат на отстранување на паднатите дрвја од парковите, булеварите и другите јавни површини.

    „Ресурсите ни се ограничени и ќе бидат потребни неколку дена за целосно расчистување на сите паднати дрвја. Нема простор за паника, состојбата е под контрола и ќе ги отстраниме сите дрвја што претставуваат опасност за граѓаните“, рече Томиќ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.