Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Невремето им го уништи родот: Министерот на терен со земјоделците во струмичко

    Невремето им го уништи родот: Министерот на терен со земјоделците во струмичко

    22.07.2026 во 18:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Институциите мора да бидат присутни на терен и координирано да дејствуваат кога земјоделскиот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

    Тој денеска ги посети селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури и пластениците.

    Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги обиколи погодените земјоделски површини во Дабиље, а со градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, и површините во Пиперово.

    Земјоделците ги информирале министерот и градоначалниците за штетите врз градинарските култури и пластениците, како и за последиците врз тековното производство и очекуваните приноси.

    „Зад секоја оштетена градинарска култура стојат многу работа, знаење и вложување. Затоа внимателно ги слушаме земјоделците и врз основа на точни информации да добиеме целосна и реална слика за обемот на последиците што невремето ги остави врз производството“, истакна Серафимовски.

    На средбите со градоначалниците Јанков и Андонов биле договорени понатамошни координирани активности со локалните самоуправи, неопходни за евидентирање, процена и надоместување на штетите.

    „Нашата обврска е земјоделците да не останат сами кога временска непогода го загрозува нивниот труд и производството. Институциите мора да бидат присутни, достапни и одговорни. Треба да бидеме вистински партнери со земјоделците во текот на целиот процес“, порача министерот.

    Во услови на сè почести климатски ризици, Серафимовски ги повика земјоделците редовно да ги следат известувањата и предупредувањата на Управата за хидрометеоролошки работи, како и специјализираната веб-платформа „Агрометео“, каде што се достапни временски и агрометеоролошки прогнози и податоци значајни за планирањето на земјоделските активности и навременото преземање превентивни мерки.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Дебар: Доделени новите социјални станови, Владата продолжува со инвестиции за граѓаните

    01.08.2026 во 12:55

    Скокна цената на нафтата

    31.07.2026 во 19:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.