Несреќа на патот Прилеп – Кавадарци: Автомобил излетал од патот

Прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Кавадарци.

 Како што информира МВР, на 04.12.2020 во 17:30 било пријавено дека на патот Прилеп – Кавадарци, кај каменоломот, патничко возило „форд фиеста“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.С. од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата сопатникот од возилото, 38-годишниот Х.С. од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега