Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Имер Призрени“ со сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната Л.К.З. од Тетово и мотоцикл управуван од Б.Ј.(30) од с.Сингелиќ, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а неговиот сопатник О.Ј.(23) од с.Сингелиќ, скопско се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Актуелно
- Хорор во Свети Николе: 15 часа ја тепал бремената девојка, со ладна вода ја освестувал за да продолжи да ја малтретира
- Го грабнале, па тепале под закана со огнена оружје – драма во тетовско Гајре
- Трагедија кај Виница: Загина млад возач
- Детали за пожарот во Трговскиот центар во Кочани: Плинска боца се запалила во кујна од ресторан
- Николоски: До крајот на 2029 година ќе возиме по новиот автопат Гостивар – Букојчани
- Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана
- Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски
- Мицкоски: Нема потреба од предвремени избори, граѓаните и меѓународната заедница бараат реформи


