„Нешто не оди како што треба“ – Дарко Лазиќ повторно мора на операција

 

Популарниот пејач Дарко Лазиќ и понатаму трпи последици од сообраќајната несреќа која ја имаше во 2018 година.

Дарко веќе некое време трпи неподносливи болки од лошо зараснатата рана по несреќата.

Сепак, четири години по несреќата откако за влакно ќе го изгубеше животот операција на рамото е неизбежна, пренесуваат српските медиуми.

Грбот и левото рамо ми прават проблем, но најмалку ми сметаа во минатото, убаво оздравев, се беше како што треба, но сега почнав да тренирам и осетив дека раката не можам да ја поместам како што треба, бидејќи ме боли, вели Дарко.

Тој додава дека нешто не зараснало како што треба.

-Лекарите ми рекоа дека треба да правам уште една операција. До сега ми ги средуваа само ургентните повреди, но сега на ред дојдоа и овие другите кои некако ги трпев со годините наназад, емотивно раскажа пејачот.

Инаку тој на 23 октомври 2018 година доживеа пеколна сообраќајна несреќа во која едвај спаси жива глава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

26.04.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега