Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го објасни новиот модел за санкционирање на возила со странски регистарски таблички кои ќе направат сообраќаен прекршок во земјава. Тој потврди дека и странските возила ќе бидат опфатени со системот „Безбеден град“.

Странските возила нема да бидат задржани при излез од државата, бидејќи тоа е законски уредено и не може поинаку.

Возачите ќе добијат официјално известување дека нема да им биде дозволен повторен влез на македонските граници доколку претходно не ја подмират соодветната казна за прекршокот.

„Работна група составена од експерти го разгледа и ова прашање, и верувам дека понудивме соодветен одговор,“ рече Тошковски.

Exit mobile version