Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакарот во „Рибникар“, потврди српската Влада

 

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетното момче (13 ), кој го извршил масакрот, соопштуваат од Владата на Србија.

„Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непроверени и непотврдени информации, бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите“,соопштува српската Влада.

Владата им се заблагодари на родителите, наставниците и на сите вработени во образовниот систем за разбирањето и поддршката.

01.06.2023 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега