Close Menu
Press24
    Најново

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема ешерихија коли во скопската вода – Водовод најави пријави за ширење лажни информации

    Нема ешерихија коли во скопската вода – Водовод најави пријави за ширење лажни информации

    13.08.2026 во 09:172 Mins Read
    Принтскрин, Јутјуб
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водовод и Канализација – Скопје се огласија по повод наводите кои се појавија дека имало бактерија во водата во Скопје.

    -Во врска со шпекулациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во водата за пиење од водоснабдителниот систем во градот Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека истата е комплетно неточна и најостро ја демантираме истата.

    Покрај редовните секојдневни испитувања на квалитетот и безбедноста на водата за пиење, дополнително се извршени и испитувања на земени примероци од водата. Резултатите од дополнителните анализи не потврдуваат присуство на испитуваните микроорганизми. Испитуваните примероци ги задоволуваат пропишаните критериуми согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).

    Во испитуваниот примерок кој е вонредно земен и анализиран со брза PCR техника во тек на вчерашниот ден, 11.08.2026 година, не е детектирано присуство на геномски копии од колиформи бактерии, ниту од Escherichia coli, ниту од Pseudomonas aeruginosa.

    ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано го следи квалитетот и безбедноста на водата за пиење преку редовен, секојдневен мониторинг и лабораториски испитувања во акредитирани лаборатории согласно стандардот ISO 17025.

    Дополнителните испитувања се спроведени со цел уште еднаш да се потврди безбедноста и исправноста на водата за пиење и да се отстранат сите сомнежи предизвикани од неточните информации што се шират во јавноста.

    ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на непроверени информации и шпекулации кои можат да предизвикаат непотребна загриженост. Водата од водоснабдителниот систем во градот Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба.

    Исто така би сакале да ја информираме јавноста дека ќе поднесеме соодветни пријави до Министерството за Внатрешни Работи за субјектите и центрите кои шират лажни информации и создаваат општа паника меѓу населението, стои во соопштението.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.