Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ од Врховен суд, барањето е одбиено

 

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд.

Во овој случај, девојки биа жртви на таканаречената „Јавна соба“ на Телеграм во 2020 година, каде со прикриен идентитет членовите разменуваа телефонски броеви и експлицитни фотографии. Откако згасна оваа група, други лица основаа друга група со истото име кое функционираше долго време. И во неа се споделуваа броеви од жени и девојки, но и нивни разголени фотографии.

30.03.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега