Четириесет и петгодишна жителка на скопското село Пагаруша вчера во 17:10 часот во СВР Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички на подрачјето на Бит Пазар.
Според пријавата на Н.С. (45), нападот се случил околу 13:30 часот, при што еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на социјална мрежа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

