Еден од најгорливите инфраструктурни проблеми во Скопје конечно влегува во завршна фаза. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор со стопанствениците за процесот на експропријација долж трасата на булеварот „Борис Трајковски“.

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР – булеварот „Борис Трајковски“ конечно се довршува!, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓиевски.

Кај мене зборот е збор, нагласи градоначалникот.

„Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски““, посочи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски денес оствари средба со стопанствениците долж трасата и постигнаа договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал недовршен.

Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван, но премногу пати неисполнет проект, вели Ѓорѓиевски.

„Овој булевар е еден од моите најзначајни приоритети, покрај останатите капитални инфраструктурни зафати во градот.

Предолго беше заглавен од моите претходници, претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани.

Тоа време завршува.

Во најскоро време ќе биде објавена јавната набавка, а проекциите се дека изградбата ќе биде комплетирана до крајот на оваа календарска година.

Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево – заминуваат во минатото.

На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.

Мојот народ заслужува безбедност, достоинствено движење и модерна инфраструктура.

свесен сум низ што поминувавте сите овие години. Свесен сум за секојдневните гужви, небезбедноста, прашината, оштетените возила, изгубеното време и нервозата што ја носи едно недовршено решение. За сите лажни ветувања.

Свесен сум за разочарувањата од многуте ветувања во минатото.

Но денес работите ги менуваме!

Затоа ве замолувам за уште малку трпение додека траат градежните активности.

Привремената непријатност ќе значи трајно решение.

Нека е аирлија!

Најдоброто, доаѓа!“, потенцираше Ѓорѓиевски.

Exit mobile version