Нејзината пријава го спаси животот на една жена: Хероината која го осуди сопругот кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат

 


Жената по име Наталија е заслужна што Доминик Пелико, кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат, додека тој снимал се, се наоѓа пред суд.

Пелико беше уапсен во септември 2020 година во супермаркет во Карпентрас, откако снимал жени под нивните здолништа. Пелико тогаш снимал и под здолништето на Наталија.

Во сведочењето за БФМТВ, Наталија рече дека „е среќа што го пријавиле“.

Наталија сега се присети на 12 септември 2020 година, кога сè се промени во нејзиниот живот, но и во животот на Жизел Пелико, сопругата на Доминик, која со децении трпела малтретирање без воопшто да биде свесна за тоа.

Тој ден Доминик снимил три жени, а кога ја свртел камерата кон Наталија, пришол чувар и и кажал што видел: „Тој снимаше под вашиот фустан, сакате да го пријавите?“. Тогаш Доминик Пелико беше приведен, му беше одземена компјутерската опрема и потоа беше откриен случајот со грозоморното малтретирање на неговата сопруга Жизел, кое го шокираше светот.

„Го фрлив фустанот што го носев тој ден“, изјави Наталија.

Таа се присети на сите детали од тој ден во супермаркетот.

„Се однесуваше како мал бедник, како да сакаше да каже ‘ама ништо не направив’. Мислам дека сè уште имаше став на жртва“, рече Наталија.

Кога подоцна дознала за степенот на аферата, била шокирана.

„Барем две години, ако не и повеќе, не одев во шопинг во фустан. А фустанот што го носев тој ден го фрлив“, изјави Наталија.

Делумно благодарение на жалбата на Наталија, која отиде во полициска станица, Доминик завршил на суд поради злоупотреба на неговата сопруга Жизел. Наталија, барем до сега, никогаш не ја запознала Жизел Пелико. Сепак, таа навестува дека можеби ќе оди на сослушувањето за да ја поддржи.

20.09.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега