Петрушевски: Во време на СДС и ДУИ со години се внесувале помалку термини, граѓаните чекале за магнетна резонанца, а немало потреба

 


Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како заради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој  месец  за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба, 
кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени, рече Петрушевски.

„Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција.

Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.

Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква“, истакна Петрушевски.

Петрушевски прашува што работеле СДС и ДУИ во здравството?

„Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга.

Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира“, потенцираше Петрушевски. 

10.11.2024 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега