42-годишен кавадарчанец вчера на пладне бил уапсен, бидејќи нападнал 18-годишен неготичанец и му го одзел мобилниот телефон.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:45 на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј.(42) од Кавадарци поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, тој на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци физички го нападнал Ѓ.Т.(18) од Неготино и му го одзел мобилниот телефон. М.Ј. е приведен во полициска станица, а телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против М.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version