Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и на 02.09.2025 на платформа за интернет комуникација испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари.
Потоа, на 04.09.2025 во три наврати и на 05.09.2025 на друг профил што го користи градоначалникот, повторно испратил текстуални пораки со закани кон него, неговото семејство, како и кон кандидат за градоначалник. Исто така, на 19.09.2025 испратил пораки на службените електронски пошто на Министерството за внатрешни работи, општина Неготино и на новинар со закани кон приврзаници на политичка партија во Неготино. На 19.09.2025 од страна на полициски службеници М.Ј. е лишен од слобода.
- Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
- Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
- Филипче: Горди сме на македонската Армија
- Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
- ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
- Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
- Вознемирена мајка се јавила во Полициска станица Кисела Вода: Мојата 14-годишна ќерка е силувана
- Турнал скала со вработен во ЕВН и физички нападнал друг со тврд предмет – полицијата приведе скопјанец
