Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник

    Не се карајте и не терајте инает – Славиме три светители, обичаи за денешниот празник

    29.09.2026 во 08:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска, 29 септември, го одбележуваат споменот на Светата великомаченичка Ефимија, како и на Преподобниот Доротеј и Свети Кипријан, митрополит Киевски. Овие светители се дел од верскиот календар на Македонската православна црква.

    Света великомаченичка Ефимија била родена во Халкидон, во семејство на благочестиви христијани. Според црковното предание, пострадала во 304 година поради својата христијанска вера, откако била подложена на различни мачења. Нејзиниот спомен во црковниот календар се одбележува и на 11 јули.

    На денешен ден се споменува и Преподобниот Доротеј, египетски пустиножител кој, според преданието, 60 години се подвизувал во Тиваида. Се одликувал со трудољубивост, а деновите ги поминувал во работа за монашката заедница и молитва.

    Се празнува и Свети Кипријан, митрополит Киевски, родум од Трново и ученик на Света Гора. Како митрополит во Киев, според црковните записи, поминал речиси 36 години и оставил значаен придонес во црковниот живот и книжевната дејност. Се упокоил во 1406 година.

    Во народната традиција, денешниот ден се поврзува со истрајноста, вистината и мирот. Се верува дека треба да се избегнуваат расправии и инаетење, а несогласувањата да се решаваат смирено. Денот би требало да се помине умерено, без претерано веселеење, јадење и пиење.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат

    06.10.2026 во 12:11

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.