Собраниската Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година ќе ја продолжи в понеделник на пладне.
На денешниот четврти ден од расправата, на дневен ред беа амандманите поднесени од пратениците на „Европскиот фронт“. Нивните барања се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи, како и реконструкција на локални и регионални патишта, но ниту еден од овие предлози не беше усвоен.
Трендот на одбивање продолжува, па така и во изминатите четири дена, иако фокусот беше ставен на инфраструктурни и комунални проблеми во општините, ниту еден од предложените амандмани не доби поддршка.
Конечниот Предлог-буџет за 2026 година е најавено дека ќе се најде на пленарна седница на 9 декември.

