Close Menu
Press24
    Најново

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори

    29.10.2026 во 09:10

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Мицкоски: Градиме посилна и современа држава, 535 нови возила за шест сектори
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Не им доаѓа памет: Одземени уште седум возила во Македонија – возачите немале возачки

    Не им доаѓа памет: Одземени уште седум возила во Македонија – возачите немале возачки

    07.02.2026 во 14:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 07.02.2026 во 02:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.И.(30) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И., при што било констатирано дека Д.И. не поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.И.(20) од село Возарци, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола.

    На 07.02.2026 во 04:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во 21:50 часот, на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Г.(30) од Скопје. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Г., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во 12:05 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.К.(54) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки, што го управувал С.К., при што било констатирано дека возилото го управува без да поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во 19:40 часот, на магистрален пат Езеро Младост- Велес, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Д.Ѓ.(22) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во Богданци полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Џ.А.(36) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.А.. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

    По добиени насоки на јавен обвинител, возилaта се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

    29.10.2026 во 09:11

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.