Close Menu
    Најново

    Дневен хороскоп за 30 декември 2025: Стрелците се заморуваат ментално, Рибите бараат пауза од тежината

    29.12.2025 во 23:49

    Тензии пред мировни разговори: Украина и Русија со спротивставени обвинувања

    29.12.2025 во 23:23

    Том Флечер: Хуманитарните операции се преоптоварени и недоволно финансирани

    29.12.2025 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дневен хороскоп за 30 декември 2025: Стрелците се заморуваат ментално, Рибите бараат пауза од тежината
    • Тензии пред мировни разговори: Украина и Русија со спротивставени обвинувања
    • Том Флечер: Хуманитарните операции се преоптоварени и недоволно финансирани
    • Русија тврди: Украинците не нападнаа со 91 беспилотно летало
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Бијонсе стана милијардерка
    • Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне
    • Путин не губи време – потпиша указ за регрутација 261.000 руски граѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Не е лесно да организираш енергетски форум: Ова беше набиената агенда на министерката Божиновска

    Не е лесно да организираш енергетски форум: Ова беше набиената агенда на министерката Божиновска

    31.10.2025 во 15:28Updated:31.10.2025 во 15:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој – IFESD-14, кој оваа година се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари низа билатерални средби со високи претставници на меѓународни организации, финансиски институции и регионални партнери.

    Средбите беа фокусирани на продлабочување на енергетската соработка, размена на искуства во енергетската транзиција, како и на можности за нови инвестиции и зајакнување на регионалната енергетска инфраструктура.

    Средба со г-ѓа Татјана Молчан, Помошничка генерален секретар на ООН и извршна секретарка на Економската комисија на ООН за Европа (UNECE)

    Министерката Божиновска и г-ѓа Молчан разговараа за унапредување на соработката меѓу Македонија и UNECE, особено во делот на одржливата енергетика, дигиталната трансформација и зелената економија. Божиновска ја истакна важноста на експертската поддршка што UNECE ја дава во областа на енергетската ефикасност и управувањето со природни ресурси, додека Молчан нагласи дека Македонија е пример за конструктивен партнер во рамките на Комисијата и најави подготвеност за понатамошна соработка во имплементацијата на новите енергетски стандарди.

    Средба со г-ѓа Инга Пхаладзе, заменик-министерка за економија и одржлив развој на Грузија

    На билатералната средба министерката Божиновска и нејзината грузиска колешка разговараа за искуствата на двете земји во спроведување на реформите во енергетскиот сектор и за развојот на обновливите извори на енергија. Двете соговорниќки разменија информации за состојбата со енергетскиот сектор во нивните земји и напредокот во зелената транзиција и предизвиците со кој се соочуваат при на интеграцијата на нови технологии и регионална поврзаност. Двете страни изразија интерес за идна техничка соработка и размена на експертиза.

    Средба со г-ѓа Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија Средбата беше фокусирана на напредокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и регионалната интеграција.

    Божиновска и Јоксимовиќ разговараа и за усогласување на регулативите и плановите за заеднички настап пред европските фондови за зелена инфраструктура. Министерката Божиновска нагласи дека интерконекторот ќе ја редефинира енергетската карта на регионот и ќе создаде нови можности за економски развој и инвестиции.

    Средба со г-дин Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница

    Во рамките на оваа средба, Божиновска и Лорковски разговараа за напредокот на Македонија во спроведувањето на обврските од Договорот за Енергетската заедница, особено во делот на декарбонизацијата и либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Божиновска истакна дека Владата е целосно посветена на исполнување на европските цели за климатска неутралност и дека континуирано се спроведуваат реформи за модерна и конкурентна енергетска економија.

    Средба со г-ѓа Стефани Гил, менаџерка за пракса за енергија за Европа и Централна Азија, Светска банка

    Министерката Божиновска и г-ѓа Гил разговараа за тековните и идните проекти поддржани од Светската банка во Македонија, со акцент на финансирање на енергетската ефикасност во јавниот сектор и модернизација на електроенергетската инфраструктура. Светската банка изрази подготвеност да ја поддржи земјата со иновативни финансиски инструменти за зелени инвестиции, како и преку техничка помош за исполнување на климатските цели до 2030 година.

    Средба со г-дин Гжегож Зјелински, директор и раководител на секторот за енергија за Европа, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)

    Божиновска и Зјелински разговараа за проширување на соработката со ЕБОР во областа на обновливите извори на енергија и зелениот транспорт. Министерката ја истакна потребата од зголемување на инвестициите во нови енергетски капацитети и поддршка на приватниот сектор, додека ЕБОР ја потврди својата определба да продолжи со финансирање на зелени проекти во Македонија. Билатералните средби ја потврдија силната меѓународна позиција на Република Македонија во енергетскиот сектор и посветеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да ја води земјата кон одржлива, сигурна и модерна енергетска иднина.

    Популарно

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Трамп му се јави на Путин

    29.12.2025 во 18:27

    Русија тврди: Украинците не нападнаа со 91 беспилотно летало

    29.12.2025 во 22:49

    Земјотрес ја стресе Македонија

    29.12.2025 во 22:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.