Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од –4 до 1 степен, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.
До крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и тивко време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот се очекува посвежо време со услови за слаби врнежи од дожд.

