Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Наумоски: Тошковски да поднесе оставка, правда нема и никој не одговара

    Наумоски: Тошковски да поднесе оставка, правда нема и никој не одговара

    15.10.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, побара на денешната прес-конференција Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

    Од опозициската партија обвинуваат дека наместо институционална постапка, власта нуди политички театар и префрлање на одговорноста, а директна одговорност за состојбата со границите бараат од министерот за внатрешни работи.

    „Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен! Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски. На сите ни е јасно дека Мицкоски го штити Тошковски. Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница. Затоа бараме оставка од Тошковски“, изјави Наумоски.

    Тој нагласи дека во изминатиот период нема одговорност за серија случаи и инциденти во земјава.

    „Нема одговорни за пет тони дрога кои помина преку границата, никој не одговара за криминалните тендери, за тепањето на младите во Ново Село. За Кочани нема одговорни. Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава. Кога го пречекаа со црвен килим на граница рекоа дека постојат сериозни безбедносни ризици и дека неговата безбедност не може да се гарантира во затворски притвор. Што се смени? Како тоа опасноста исчезна преку ноќ? Исто како со Михаилова. Доста се политички дилови. Доста е оваа фарса“, рече Наумоски.

    Според СДСМ, правосудниот систем се наоѓа под целосна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, што рефлектира и во меѓународните извештаи.

    „Правосудството е само театарска сцена која Мицкоски ја контролира во целост. Затоа во извештајот на Европската комисија се наведува мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети и им дели задачи на телевизија и по телефон. Народот го нарекува талог и мочуриште. Се е фарса. Доста е театар. Вистината на виделина. Одговорност веднаш“, заклучи Наумоски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.